Домашно тоблероне е колаче кое брзо и лесно се подготвува, излегува многу и ако ви остане можете да го завиткате во фолија и да го замрзнете. Пред да го послужите повторно, само треба малку да го оставите да се отпушти за да може лесно да го исечете на парчиња.
Потребно е:
250 гр мелени бисквити
150 гр путер
200 гр шеќер
100 мл вода
200 гр чоколадо
100 гр алва
100 гр ситно сецкани лешници
100 гр ситно сецкани бадеми
за глазурата:
200 гр чоколадо
3 лажици масло
Подготовка:
– Во сад на рингла ставете ја водата, чоколадото и путерот и загревајте додека не се растопат. Тргнете го садот од рингла.
– Потоа додадете ги сите преостанати состојки освен алвата. Измешајте убаво.
– На крај додатете ја алвата издробена на крупни парчиња и полека измешајте.
– Смесата сипете ја во два триаголни калапи претходно обложени со растеглива пластична фолија. Оставете ги пеку ноќ во фрижидер да се стегне убаво смесата во калапите.
– Во сад на рингла на умерена температура ставете го чоколадото и маслото за да ја направите глазурата. Мешајте додека не се растопи чоколадото.
– Домашното тоблероне извадете го од калапите, тргнете ја фолијата и прелијте го со растопеното чоколадо. Оставете да стои малку на ладно за да се стегне чоколадото.
– Исечете го тоблеронето на парчиња и послужете со чаша ароматичен чај.