Потребно е:
1 л пастеризирано млеко во тетрапак
3 лажици кисело млеко
Подготовка:
– Загрејте го млекото, но никако не треба да почне да врие.
– Во една чаша ставете 3 лажици кисело млеко (индустриско или домашно поткиселено) и разматете ги со 150 гр млеко кое го подгреавте.
– Ова сипете го во остатокот од подгреаното млеко и неколку пати убаво измешајте.
– Вака подготвенота течност можете да ја сипете во помали стаклени садови или да ја ставите во еден поголем сад.
– Потоа овие садови ставете ги во пластични кеси и покријте ги со платнени крпи.
– Оставете ги вака покриени да стојат на собна температура околу 3 часа.
– Готовото домашно кисело млеко чувајте го во ладилник каде може да стои до една недела.