Направете ги овие вкусни домашни грицки и уживајте …
Потребно е:
250 гр брашно
150 мл млеко
100 гр пармезан, изрендан
1/2 лажиче сол
2 лажичиња прашок за пециво
1 јајце + 1 жолчка
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Додадете ги жолчката и млекото и замесете тесто.
– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало во форма на круг со дебелина од 0,5 см. Премачкајте го со изматено јајце и посипете со рендан пармезан.
– Со калап или нож исечете го на саканите облици.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 10-15 минути.