Домашна боза

Од:

Подгответе го дома овој освежителен сладок пијалок …

Потребно е: 
5 л топла вода
1 кг шеќер
600 гр непросеано пченкарно брашно
30 гр квасец

Подготовка: 
– Прелијте го брашното со топла вода и  оставете года отстои еден ден.

– Другиот ден ставете да се вари околу два часа со повремено мешање.

– Квасецот разматете го со малку вода и да се оставете го да стаса на топло.

– Кога ќе се олади бозата додадете го стасаниот квасец.  Измешајте убаво и оставете ја бозата да отстои преку ноќ.

– Следниот ден процедете ја и додадете го шеќерот. Убаво измешајте се додека не се истопи шеќерот.

– Бозата се пие добро разладена, но никако не ставајте коцки лед во неа.

– По желба можете да ставите малку цимет одозгора.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска