Домашна алва

Од:

1-2-3-4 е се што треба да запомните во овој рецепт. Масло-гриз-шеќер-вода. Земете една шолја и почнете да го подготвувате овој вкусен десерт.

Потребно е:
1 шолја (200 мл) масло
2 шолји гриз
3 шолји шеќер
4 шолји вода
100 гр ситно сецкани бадеми
бадеми/ораси/лешници
малку цимет, по желба

Подготовка:
– Во подлабоко тенџере загрејте го маслото за јадење и во тоа додадете го гризот со постојано мешање со дрвена лажица. Пржете го гризот додека не добие убава златно-жолта боја.

– Додадете ги бадемите и промешајте ги, за да се тостираат малку.

– Шеќерот измешајте го со водата и мешајте додека да се растопи.

– Полека додавајте од сирупот во смесата со гриз. Мешајте и продолжете да готвите се додека целиот сируп не биде апсорбиран од гризот и алвата не почне да клокоти.

– Оставете малку да се олади и потоа со лажица вадете од алвата и ставете на чинија за послужување.

– По желба одозгора можете да посипете со сецкани бадеми, ораси, лешници и цимет.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска