Домашното е секогаш најдобро …
Потребно е:
500 мл млеко
5 зрели банани
20 гр шеќер
20 гр нишесте
1/2 лажиче цимет
1 лажиче мед
Подготовка:
– Нишестето и шеќерот разматете ги со малку млеко.
– Остатокот од млекото ставете го на рингла да се вари. Кога ќе почне да врие полека додадете ја смесата со нишесте и шеќер. Мешајте додека да се згусне.
– Изгмечете ги бананите и додадете ги згуснатата смеса.
– Додадете и цимет и мед и измешајте.
– Смесата сипете ја во украсни чаши и убаво изладете ја во фрижидер пред да ја послужите.