Подгответе си домашен чипс од компири. Во секој случај ќе биде повкусен и поздрав од купечкиот.
Потребно е:
500 гр компири
5 лажици масло за јадење
за солилото со оцет:
1 лажица оцет
2 лажички сол
Подготовка:
– Компирите излупете ги и со калап за сечење компири исечете ги многу тенко, околу 3 мм.
– Ставете ги во голем сад и прелијте ги со ладна вода. Оставете ги да отстојат 1 час.
– Рерната загрејте ја 230 целзиусови степени. Исцедете ја водата од компирите и со кујнска крпа убаво избришете ги за да не бидат ни малку влажни.
– Земете едно тавче и обложете го со хартија за печење. Наредете ги компирите во еден слој, никако да бидат преклопени. Попрскајте ги со малку масло и ставете ги да се печат во загреаната рерна, околу 15 минити, додека да бидат поруменети и крцкави.
– Измешајте една лажичка оцет со две лажички сол и мешајте додека да се растопи солта.
– Кога ќе биде чипсот печен, уште додека се топли, прелијте ги со солилото.