Уживајте во овој традиционално подготвен домашен леб…
Потребно е:
500 г брашно
250 мл млеко
100 мл маслиново масло
1/2 коцка свеж квасец
125 г свинска маст
1 лажиче шеќер
100 г месната панцета
1 главица кромид
1 лажиче лук
Подготовка:
– Ситно исечкајте ги на коцкички панцетата и кромидот, а потоа пропржете ги 1-2 минути на маслиново масло.
– Загрејте го малку млекото и во него разматете го квасецот и оставете да стаса.
– Во еден подлабок сад ставете ги брашното, сол, шеќер, растопената маст и запржената смеса со панцета и кромид. Додадете го млекото со стасаниот квасец.
– Замесете тесто. Ако е многу меко, додадете уште малку брашно. Тестото покријте го со крпа и оставете го да нарасне околу 40 минути. Потоа уште еднаш замесете го и ставете го во форма за печење или, пак, обликувајте го по сопствена желба. Повторно оставете го околу 10 минути да нарасне.
– Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 20 минути.
– Лебот послужете го топол.