Домашен карамел крем за 10 минути

Од:

Подгответе си домашен карамел крем (dulce de leche) …

Потребно е:
200 гр шеќер
2 лажици вода
200 мл слатка павлака
20 гр путер
на врв на нож сол

Подготовка:
– Шеќерот и водата загрејте ги на умерена температура додека да се растопи шеќерот и да се карамелизира, односно да стане црвеникаво стаклест и без грутки.

Домашен карамел крем1

Домашен карамел крем2

Домашен карамел крем3

– Садот тргнете го на страна и додадете го путерот. Измешајте и вратете го садот на рингла.

Домашен карамел крем4

 

Домашен карамел крем5

– Додадете врела слатка павлака и малку сол, убаво измешајте и оставете да се вари на умерена температура околу 5 минути.

Домашен карамел крем6

– Густината и бојата на карамелот ќе зависи од должината на варењето и од температурата на која се вари. Ако го варите подолго време ќе добиете погуст и потемен карамел. Ќе добиете околу 300 гр карамел.

Домашен карамел крем7

– Карамелот може да го користите како прелив за сладолед или некој крем или пак да го додадете во кремот. Доволно е цврст за да користите како фил.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска