Добротворна аукција за Ковид-19 фондот

Од:

Британска аукциска куќа „Кристи“ ќе организира наддавање за Ковид-19 фондот којшто е во рамки на Фондацијата за истражување на СИДА-та (АМФАР). Ова уследи по откажувањето на добротворниот фестивал во Кан поради пандемијата.

Колекционерите и уметниците подарија неколку современи уметнички дела, од коишто некои никогаш и не се видени во јавноста, се вели во соопштението на „Кристи” и АМФАР. Како што се истакнува, аукцијата има за цел – премостување на јазот во собирањето средства за решавање нови и итни закани од Ковид-19.

Главната цел на Фондацијата е пронаоѓање лек за вирусот.

Датумот на аукцијата сѐ уште не е објавен, но би требало да се совпадне со пролетното наддавање на „Кристи“ во Њујорк, закажано за 22 јуни, недела.

Би можело да ве интересира

Виолина од 1714 година продадена за 11,25 милиони долари

А1он

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он