Добродојдовте во музејот на неонски реклами

Од:

Музејот на неонски реклами „Неон Мусеум“ веќе подолго време постои во Лас Вегас. Меѓутоа од минатата недела е отворен и во текот на ноќта, со цел посетителите на вистински начин да можат да уживаат во магијата на неонското осветлување.

Околу 50 од старите, познати реклами, по кои Лас Вегас некогаш бил познат, ја сочинуваат колекцијата на музејот.

Изложбениот простор на отворено својот целосен сјај го добива ноќно време, кога рекламите ја исполнуват и својата светлечка функција.

Меѓу изложените експонати особено се издвојува една неонска реклама, која датира од 1930 година. Таа беше поставена над ресторанот за работници, кои ја граделе Хуверовата банка на реката Колорадо.

Посетителите можат да ги видат и неонските реклами за некогашните познати хотели во Лас Вегас, кои во меѓувреме се урнати и заменети со нови, модерни згради, како хотелите Сахара и Стардаст.

Билетите за овој необичен музеј чинат од 12 до 25 долари, во зависност од тоа дали станува збор за дневна или ноќна посета.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска