Американската тенисерка Серена Вилијамс го роди своето второ дете, девојчето по име Адира Ривер Оханијан, а заедно со сопругот Алексис Оханијан за тоа ги извести своите следбеници на социјалните мрежи.
@serena Welcome my beautiful angel
„Добре дојдовте мојот прекрасен ангелу“, напиша Серена на видеото објавено на TikTok на кое се гледа како таа, Оханијан и нивната четиригодишна ќерка Олимпија го гушкаат новороденчето.
Серена Вилијамс има 41 година и е една од најодликуваните тенисерки во историјата. Таа 23 пати освојуваше Грен слем, а по минатогодишниот УС Опен изјави дека се откажала од тенисот.
На црвениот тепих за време на Мет Гала во мај таа објави дека го чека своето второ дете.