Потребно е:
150 гр + 100 гр шеќер во прав
250 гр мелени ореви
250 гр брашно
200 гр + 100 гр шеќер
3 филџани мед
100 гр чоколадо
1 филџан минерална вода
1 ванилин шеќер
1/2 лажиче сода бикарбона
неколку капки екстракт од малина
Подготовка:
– Брашното измешајте го со 150 гр шеќер во прав, мед, минерална вода и сода бикарбона. Убаво измешајте.
– Од смесата испечете 6 тенки кори во намастена и со брашно посипана тава.
– За филот во сад на рингла растопете 200 гр шеќер со 1 чаша вода, додадете ги мелените ореви, растопеното чоколадо и ванилиниот шеќер. Убаво измешајте и оставете да се излади.
– Преминете на подготовка на фонданот. Во сад на рингла ставете 100 гр шеќер со малку вода и оставете да почне да врие. Варете го неколку минути, тргнете го садот на страна и оставете да се излади.
– Потоа постепено додадете 100 гр шеќер во прав со постојано мешање.
– Кога масата ќе стане хомогена додадете неколку капки од екстрактот од малина.
– Преминете на редење на тортата. Секоја кора премачкајте ја со филот и потоа одозгора ставете друга кора. На крај на последната кора нанесете го фонданот.