Добитничката на американската лотарија Пауербол ја напушти досегашната работа

Од:

Новата милионерка од Масачусетс, која штотуку доби 758,7 милиони долари на американската лотарија Пауербол, даде отказ во болницата во којашто работела три децении.

Мејвис Л. Ванкзик, која живее во градот Чикопи, вели дека за лозот ги користела роденденските датуми на своите блиски како среќни броеви. И, тие навистина и донесоа среќа.

Организаторите на лотаријата соопштија дека среќната добитничка се одлучила за еднократна исплата од 480 милиони долари, кои по оданочувањето, ќе изнесуваат 336 милиони. Околу 120 милиони долари се наменети за Федералната влада на САД, а 20 милиони за државата Масачусетс.

Извлекувањето се одржа вчеравечер, а комбинацијата броеви за една од највисоките добивки во САД, е: 6, 7, 16, 23, 26 и дополнителниот број 4.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија