ДНК за прв пат директно фотографирана

Од:

Научниците за прв пат директно фотографираа двојна спирала на дезоксирибонуклеинска киселина, 59 години откако Џејмс Вотсон и Фенсис Крик ја открија структурата на ДНК во 1953 година.

Енцо Ди Фабрицио,физичар од универзитетот Магна Грација во Катанкар, Италија, ја направи оваа фотографија со помош на електронски микроскоп.

Научниците досега ја гледаа структурата на ДНК само индиректно.

Ди Фабрицио и неговиот тим на истражувачи направија нано “сцена” на екстремно водоотпорни силиконски столбови. Кога додале раствор кој содржешл ланец ДНК, водата брзо испарила, оставајќи зад себе низи на чиста ДНК, кои се протегале како јажиња помеѓу ситни височинки.

Тогаш пуштиле зраци на електрони, низ дупките во силициумското корито и ги фотографирале осветлените молекули.

На фотографиите всушност се гледа низа од неколку испреплетени ДНК молекули, за разлика од само два спарени ланци. Тоа е затоа што енергијата на искористените електрони би била доволна за да се уништи изолираната двочлена спирала, или една нишка од двојната спирала.

Ди Фабрицио верува дека со подобра опрема наскоро ќе може да се фотографира двочлената спирала.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

Орце Костов

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска