Џулија Робертс како докторка во новиот филм

Од:

Во филмската адаптација на драмата „The Normal Heart“ (Нормално срце), ќе ја видиме холивудската актерка Џулија Робертс, која ќе глуми лекарка, која на почетокот на епидемијата на сида лекува пациенти.

Филмот американската кабелска телевизија НВО би требало да се појави во 2014 година и во него се прикажани почетоците на епидемијата на сидата во Њујорк во ’80-те години на минатиот век.

Оскаровката Робертс ја глуми лекарката Ема Брукнер, која лекува неколку пациенти заразени со ХИВ вирусот. Марк Руфао го глуми Нед Викс, кој е сведок на тоа како болеста ја покосила геј заедницата во градот.

Филмот ќе го режира творецот на серијата „Гли“, Рајан Марфи.

„The Normal Heart“ на театарската сцена се појави во 1985 година во Њујорк и повторно е оживеана на Бродвеј во 2011 година. Филмската верзија најпрво беше замислена како кино филм, но ХБО одлучи приказната да биде преточена во ТВ филм.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата