Џoди Фостер ќе добие Златен глобус за животно дело

Од:

Организаторите на доделувањето на наградата Златен глобус соопштија дека на церемонијата која ќе биде одржана во јануари 2013 година, актерката Џоди Фостер, за нејзината 40-годишна успешна кариера, ќе добие награда за животно дело.

Според изјавите на организаторите, Фостер ќе им се придружи на претходните добитниците на оваа награда меѓу кои се Лусил Бел, Барбара Стрејсенд, Ал Пачино, Морган Фримен и Џуди Гарланд.

– Џоди е жена со многу лица, која постигна неверојатен успех и која ќе продолжи да ги ниже успесите во нејзината кариера. Нејзината амбиција, веселост и грациозност помогнаа да се препознаат и многу други уметници во оваа работа. Таа навистина е единставна, рече Аида Такла О Рајли, претседателка на организациониот одбор.

Фостер (49) својата кариера ја започна во реклами на тригодишна возраст, а светската слава ја стекна во 1976 година во филмот „Taxi Driver“. Фостер глумеше во повеќе од 40 филмови, а го освои Оскарот за најдобра женска улога во филмовите „The Accused“ и „The Silence of The Lambs“.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата