Џејмс Бонд се врати, подобар од кога и да е

Од:

Џејмс Бонд се врати, и тоа подобар од кога и да е, покажаа во петокот првите критики по лондонската премиера на најновиот филм за тајниот британски агент 007.

Робин Колин од британскиот весник The Telegraph вели дека Џејмс Бонд на режисерот Сем Мендес може да се спореди со помрачниот Бетмен од серијата „The Dark Knight“.

Критичарот Џефри Мекнаб од Independent му доделува на „Skyfall“ четири од вкупно пет ѕвездички, критикувајќи го само „повремените повторувања” во филмот. Го фали режисерот Мендес за „многу поголемата длабочина на ликовите од онаа на којашто сме се навикнале во серијата филмови за Бонд кои често се површни”.

Инаку оскаровецот Сем Мендес првпат се јавува како режисер на филм од франшизата за Џејмс Бонд.

Филмот ќе почне да се прикажува во кината во Велика Британија на 26-ти октомври, а во САД неговото прикажување ќе започне на 9-ти ноември.

Во последниот 23-ти филм за Џејмс Бонд, славниот таен агент 007 со лиценца за убивање повторно го толкува Даниел Крејг а неговата верност на шефицата М, која ја толкува Џуди Денч е ставена на искушение откако ќе почне да ја прогонува нејзиното минато.

По нападот на тајната служба за која работи инаку познатата британска МИ6, Џејмс Бонд мора да ја пронајде и да ја уништи заканата, опасен злосторник кого го толкува Хавиер Бардем.

Би можело да ве интересира

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“