Џајковски ќе настапи на најголемиот оpen-air фестивал во Европа- Вудсток фестивал

Од:

По незаборавната завршница на 2012 година со настапот во Скопје на „Таксират 14“, кој публиката го оцени како еден од најдобрите настапи на мaкедонскиот музичар и композитор Кирил Џајковски досега, тој годинава ќе настапи на убедливо најголемиот отворен фестивал во Европа, полскиот Вудсток фестивал.

Овој настап на еден од најзначајните композитори, продуценти и диџеи на балканската електросцена ќе се одржи на 4 август, третиот ден од фестивалот кој привлекува повеќе од 750.000 посетители.

Со ваквиот капацитет, Вудсток фестивал е еден од најголемите фестивали во светот, кој има 18-годишна традиција и се одржува на локацијата на поранешната полско-германска граница, Костшин над Одра во Полска. Покрај тоа, овој фестивал се издвојува и по уникатниот организациски пристап.

Организатор на фестивалот е „Great Orchestra of Christmas Charity“, најголемата и најценетата хуманитарна фондација во Полска, чија мисија е да обезбеди високо-квалитетна медицинска опрема за детските болници во Полска. За таа цел оваа хуманитарна организација успева да обезбеди дури 10 милиони евра во еден ден. Вудсток фестивалот е целосно некомерцијален, а годинава кон фестивалското мото, организаторот ја додаде и борбата за подобрување на условите за лекување на старите и изнемоштени лица.

Покрај настапот на Вудсток фестивал, во рамки на турнејата 2013, на 13 јули Кирил Џајковски ќе настапи и на годинашното издание на Похода – најголемиот музички фестивал во Словачка.

Би можело да ве интересира

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА, наскоро и винил издание

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Со народни пари ќе се финансира фестивал во Косово, додека домашните едвај врзуваат крај со крај

А1он

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт

(ВИДЕО) Почна „егзодусот“ од Burning Man, 64.000 луѓе во колоната

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка