Легендата за тркалезната маса на кралот Артур, наскоро може да биде дел од колекција на луксузни часовници.
Познатата компанија за часовници „Roger Dubuis“, дизајнираше модел на часовник под името „Excalibur Table Ronde“ (Екскалибур тркалезна маса). Најновиот модел ќе биде ексклузивно претставен на престојната изложба „Haute Horlogerie SIHH 2013“, во јануари во Женева.
„Excalibur Table Ronde“ е ограничена серија, а планирано е да се произведат само 88 часовници од тој тип.
Создавајќи го овој модел, дизајнерите се обиделе да ја оживеат легендата на тркалезната маса на кралот Артур и неговите витези. Идејата настанала по примерот на антологијата со сликата на тркалезната маса, која е напишана во дамнешната 1552 година.
Основата на часовникот е во облик на диск на кралот Артур. На оригиналната слика постои портрет на кралот, но при дизајнирањето на часовникот е изоставен. Во самиот центар на дискот се наоѓа Тудор роза од која наизменично се протегаат пруги со контрасни нијанси.
Совршениот дизајн на часовникот е нагласен со златни рабови со 45 мм дебелина, црно ременче од крокодилска кожа и 18 каратни копчиња.