Дивите свињи до сега им задаваа вистински непријатности на земјоделците, фармерите, лозарите па и на возачите, а на тој список се најдоа и дилери на дрога.
Криминална организација од Тоскана, остана без кокаин во вредност од околу 20 илјади евра, зато што стадо диви свињи го уништило кокаинот што го закопале во земја.
Еден Италијанец и тројца Албанци од Тоскана, останаа без кокаинот што го закопале во шума, откако диви свињи ги намирисале пакетите коишто биле закопани во земја.
Како што се наведува, тие ги откопале и ги отвориле пакетите во вредност од околу 20 илјади евра. Дрогата е во голем дел уништена, но свињите изеле значајна количина.
Бизарниот инцидент случајно излезе на виделина, бидејќи еден од дилерите чијшто телефон бил прислушкуван, бесно го известил остатокот од бандата за загубата.
Потоа, четворица дилери беа лишени од слобода и обвинети за трговија со наркотични дроги. Двајца од нив добија куќен притвор, додека другите двајца завршија во затвор.
При пребарувањето на теренот полицијата не пронајде траги од дивите свињи.