Детството завршува на 12 година

Од:

Децата во светот на возрасните влегуваат околу 12 година, што е последица на влијанието на интернетот, на рекламите и притисокот од врсниците, покажуваат резултатите од истражувањето на британската интернет-страница „нетмамс“ (netmums).

Еден од десетте испитани родители изјавија дека безгрижното детство на нивните ќерки завршило во десетта година по притисокот порано да пораснат. Само два отсто од испитаниците изјавиле дека нивните деца го задржале детскиот изглед на 16 години, што претходно претставуваше возраст кога завршуваше детството.

Истражувањето покажува и дека денешните деца двојно помалку читаат во споредба со нивните родители.

Шест од десетте родители за намалувањето на детството го обвинуваат интернетот, а речиси половина мислат дека тоа е под влијание на популарните серии и телевизиската програма кои го потенцираат значењето на физичкиот изглед. Резултатите покажуваат дека децата најмногу се под влијание на врсниците, и под притисок на нивните другари порано одрастуваат.

Истражувањето било фокусирано на родители на деца од седум до 13 години. Девет од 10 испитаници оцениле дека децата денес се под голем притисок да пораснат во споредба со претходните генерации. Девојчињата се трудат да изгледаат убаво, оценувајќи дека физичкиот изглед е најважен, додека момчињата сакаат да бидат „мачо“ и многу ги ценат парите и материјалните работи.

Би можело да ве интересира

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ

Родители бараат да се постават камери во градинка во Дебар: Сакаме да знаеме како ни се третираат децата

Орце Костов