Десетто јубилејно издание на Моден викенд Скопје

Од:

Десеттото јубилејно издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври ќе биде во знакот на сензуална геометрија, чисти форми и неонски бои.
Фотосесијата за новиот имиџ означи старт на подготовките за претстојната сезона есен/зима ‘14/’15 чие заштитно лице е моделот Моника Алексовска која беше прогласена за најдобра манекенка на годинешното априлско издание на Моден викенд Скопје.

Визуелната порака на сезоната содржи елементи од колорните контрасти на оптичката уметност и заводливата мода од 60-тите години на минатиот век. Графичкиот минимализам и сензуалноста претставени преку дигитални цветови кои беа застапени минатата сезона овој пат се преточени во поедноставен облик.

„Оваа есен/зима ќе ја одбележи безвременскиот, класичен изглед со нагласени очи, црн туш , истакнати трепки и сензуални усни. Вистински редизајниран „Твиги стил“.“, вели мејкап артистот Зоран Шурбевски кој се погрижи за шминката во соработка со AVON кој е и официјален мејкап – партнер на десеттото издание на Моден викенд Скопје.

За трендовите во однос на фризурата, користејќи ги производите на LAKME познатиот стилист Бубе од фризерското студио Бубе Студио Ин вели : „Строгите линии кои ќе бидат апсолутен тренд следната сезона на изгледот му даваат моќност и безвременска женственост.“

Креацијата во која е облечена Алексовска ја потпишува Виктор Цветановски кој се претстави со капсулна колекција на априлското издание на Моден викенд Скопје.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски