Градоначалникот на хрватскиот град Сплит на Фејсбук профилот објави 10 правила за гостите, кои ги очекува оваа летна сезона.
Градот што е под заштита на УНЕСКО, препорачува да се почитуваат правилата и да се забавуваат.
Пред сѐ, градоначалникот Андро Опара ги замоли туристите да научат неколку хрватски зборови, коишто се често употребувани, како на пример: „помало“ (забави), „пижолот“ (пладневна дремка) и „фјака“ – ситуација кога не треба да допираш ништо.
– Во нашиот град никој не брза никаде, па затова не се нервирајте, ако работите не се случуваат веднаш, објави градоначалникот.
– Минувајте ги жешките денови на плажа – чистите плажи во градовите са реткост, се сеќавате ли кога последен пат пливавте в море во центар на градот, гласи следното правило.
Натаму, тој ја препорачува играта со мала топка – пицигин, што е своевиден фолклор во Сплит, и нагласува дека градот, покарај фудбалскиот клуб „Хајдук”, има неколку други свети работи: Дворецот на Диоклецијан, катедралата Свети Домниус и планината Маријан.
– Помогнете ни да ги сочуваме за идните поколенија, повикува Опара.
Некаде при крајот, тој вели дека, „како и сите јужнословенски народи, така и сплиќаните се бучни“, но не сакаат некој да ги вознемируваат во време на почивка.
– Вие сте на одмор, но не пуштајте гласна музика во соба или на улица – луѓето наоколу сакаат да поспијат, за да бидат исто расположени како вас утре, додава тој.
– Тука костимите за капење се носат само на плажа, а на други места – обична облека. Не би сакале да платите казна колку 10 пици или 20 пива, нели? Особено ако имате 30-километарски плажи, на коишто може да си го покажувате телото, гласи последното правило.
Во градот ќе има и плакати што ќе ги потсетуваат туристите на правилата. Едно евро е еднакво 7,4 хрватски куни.