Десет најмирољубиви земји во светот

Од:

Исланд е земја со највисок индекс на мир во светот, покажува неодамна објавеното истражување на Институтот за економија и мир (Institute for Economics and Peace).

По Исланд следуваат Нов Зеланд, Португалија и Австрија, а петтото место го зазема Данска. Шестопласирана е Канада, и тоа пред Сингапур, а осмото место и припадна на Словенија.

Во топ десет влегуваат и Јапонија и Чешка, а заедно со Швајцарија, Ирска и Австралија наведените земји претставуваат посебна категорија на држави со многу висок степен на мир.

Од друга страна, Северна Македонија на оваа листа го зазема 65 место, Хрватска се наоѓа на 28 позиција, Србија на 50 место, а Црна Гора е 67-ма на ранглистата. Овие земји од регионот се вбројуваат на листата на држави со високо ниво на мир.

Босна и Херцеговина го зазема 81, а Косово 86. место, и овие две земји се наоѓаат во групата на држави со умерен степен на мир.

Последното место на листата го зазема Авганистан, и тоа зад Сирија, Јужен Судан, Јемен и Ирак.

Би можело да ве интересира

„Пат на мелодијата“ во Јапонија

Ана Ололовска

Ирска меѓу најпосакуваните туристички дестинации во 2020 година

Татјана Ташкова

Легендата за Свети Никола се уште е жива во Епинал и на Истокот од Франција

Ана Ололовска

Прво крстосување со брод на кое ќе присуствуваат само жени

Ана Ололовска

Волшебна шума во срцето на Сингапур

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Ноќ во хотел за едно евро, но под услов престојот да се пренесува во живо

Ана Ололовска