Десет најголеми атракции во 2015-та година

Од:

Доколку оваа година планирате некаде да патувате Лонли Планет ви нуди неколку дестинации. Овој туристички водич објави листа на најдобри светски атракции за 2015 година.

One World панорамската платформа, Њујорк

Врв на највисоките градби на Северната хемисфера. Панорамската платформа ветува незаборавен поглед на Менхетен.

Кејп Канопи турата, Елгин, Јужноафриканска Република

Четиричасовно возење со жичарница по дивините на Јужна Африка од август нуди преубав поглед на водопади, долини и растенија кои Африка ја прават толку примамлива дестинација.

Набљудување на китови од подморница, полуостров Валдес, Аргентина

Набљудување на китови од брод секако е незаборавно искуство, но турата со подморница ќе ви даде сосема нов увид во животот на најголемите цецачи на планетата.

Смитвик пивската тура, Килкени, Ирска

Доколку сте љубител на пивото, веројатно посакувате да дознаете повеќе за производството на едно од најстарите пива во Ирска. Оваа тура ќе биде достапна од јули оваа година.

Патеката Каминито дел Реј, Гарганта дел Коро, Шпанија

Една од најстрашните планински патеки ќе биде отворена за јавноста во февруари по 15 години реновирање, кое вреди повеќе милиони евра. Затворена е откако пет лица ги загубија животите со пад во амбис меѓу 1999 и 2000 година. Оригиналната патека била широка само еден метар и од неа се нуди боженствен поглед на клисурата Гаитанес и реката Гвадалхорсе. Сега дополнително е обезбедена.

БиоМусео, Панама

БиоМусео во Панама Сити, кој го проектираше познатиот архитект Френк Гери ќе биде отворен во октомври. Овој музеј за биодиверзитетот на планетата е прв од овој вид во Панама и вклучува големи ботанички градини и аквариум. Панама е една од земјите со најголем биодиверзитет на планетата.

Велосипедска патека Римутака , Велинготн/Ваирарапа, Нов Зеланд

Оваа патека долга 115 километри ќе биде отворена овој март. Изградбата започна во 2009 година и чини околу 50 милиони долари.

Панорамско тркало, Хонг Конг

Ова 60 метари високо тркало, кое беше отворено во октомври ќе ви даде прекрасен поглед на пристаништето Викторија и Хонг Конг. Иако е помало од „Лондонското око“ доволно е големо а да ги привлече критики на градските мајстори за фенг шуи, кои сметаат дека местото на кое се наоѓа е предвидено за постабилна конструкција.

Центар за посетители Крал Ричард Трети, Лестер, Англија

За љубителите на историјата 6,05 милиони долари вредниот Центар за посетители на местото каде е закопан Ричард Трети е иделно место за истражување на турбулентната историја на Англија.

Замрзната пештера, Лагјокул, Западен Исланд

Посетителите можат да го истражуваат 500 метри долгиот тунел, на 1.260 метри надморска височина во еден од најголемите ледници во Европа.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска