Десет градови во светот, кои треба да ги избегнувате

Од:

Прекрасно е да патувате во светот и да запознавате нови култури и обичаи, но некои места се толку опасни, така што на туристите им се советува воопшто да стапнуваат во нив, а едно од нив, а некогаш најпопуларна туристичка дестинација е Акапулко.

Домот на една од највеличенствените плажи на светот, Акапулко, повеќе не е едно од најпопуларните туристички дестинации во Мексико. Денес на тамошните плажи се одмараат мал број туристи, а постапокалиптичните глетки на изрешетани мртви тела во судирите меѓу нарко-картелите станаа вообичаена појава на улиците на градовите.

Уште едно царство на нарко-картелите во Мексико е и градот Чихуахуа, кој е главна рута за шверц на кокаин во САД и каде секако не треба да се оди во туристичка посета.

На прво место на листата е  Баркуисимето во Венецуела, град со нешто повеќе од еден милион жители и богато универзитетско минато. Иако некогаш беше мошне популарна туристичка дестинација, денес убиствата таму се случуваат секој ден и толку е опасен што туристите, едноставно го заобиколуваат.

Латинска Америка е мошне застапена на листата, а причината за тоа е насилството поврзано со шверцот на дрога. Во Бразил се наоѓаат 14 градови со највисок степен на насилство во светот. Најопасен од нив е главниот град на државта Алагоас Мацеио, со годишно околу 135 убиства на сто илјади жиели.

Кали во Колумбија е исто така опасно место. Но една од највисоките стапки на убиства во светот има во Дистрито Централ во Хондурас, а таа тажна статистика е поврзана со екстремната сиромаштија и развиената мафија.

Пешавар во Пакистан е преполн со величенствени историски споменици и паркови, кои ви го одземаат здивот, но нападите врз силите за безбедност и бомбашите самоубијци направија од него еден од најопасните градови во светот, а особено е несигурен за странци.

Како уште една дестинација со висок ризик на листата  најопасни градови во светот е и главниот град на Јемен, Сана.

Од листата не е изоставена Африка, континент со долга историја на насилство и војување. Градот Могадишу во Сомалија и главниот град на Кенија, Најроби исто така се на листата најопасни градови во светот. Најроби е особено опасен за жените, но на неговите улици ноќно време не би требало да се движи никој, кој сака да сочува жива глава.

Иако сите тие места се наоѓаат во некои од најубавите региони на светот и содржат бројни знаменитости, кои би било прекрасно да се посетат, опасноста од заскитан куршум во тие градови е толку голема, што секако треба да се избегнуваат.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска