Неодолива комбинација на чоколаден крем и вкусни црвени јагоди …
Потребно е:
80 гр чоколадо
80 мл слатка павлака
50 гр препечени и сомелени бадеми
125 гр путер
60 гр шеќер во прав
2 поголеми жолчки
4 лажици шлаг
200 гр јагоди
Подготовка:
– Чоколадото искршете го на помали коцки и ставете го во еден сад.
– Во друг сад на рингла ставете 80 мл слатка павлака и варете додека да дојде до вриење. Потоа прелијте ја преку чоколадото. Мешајте додека да се растопи чоколадото и да стане смесата хомогена.
– Горната смеса распоредете ја во четири чаши и ставете ги во фрижидер.
– Со миксер убаво изматете ги путерот, шеќерот во прав и жолчките додека да добиете хомогена смеса.
– Потоа додадете ги измелените бадеми и измешајте убаво.
– Добиениот крем подеднакво распоредете го во чашите.
– Најодозгора по желба може да ставите малку шлаг и да посипете со исецкани јагоди.