Денешните тинејџери се бавни како стари лица

Од:

Меѓу 50 и 75 отсто од адолесцентите не се хранат здраво, се пасивни и незаинтересирано за спорт. Научници од Универзитетот „Џон Хопкинс“ за неактивност на младите ги обвинуваат социјалните мрежи.

Деветнаесетгодишниците се толку многу бавни што можат да се споредат со лицата кои имаат 60 и повеќе години, покажа едно истражување на експерти од Балтимор.

Во истражувањето учестувале 12.529 адолесценти, чија активност е мерена со апарати за следење, а истражувачите заклучиле дека е неопходно да се преземат мерки на ниво на образование со цел да се зголеми активноста кај младите.

– Мора да се најде начин да се распоредат дневните обврски за младите лица да имаат повеќе време за спорт, наведува Вадим Зипунјиков, еден од авторите на истражувањето.

Иако Светската здравствена организација предлага минимум еден час време за физички активности дневно, 20 отсто од момчињата и 50 отсто од девојчината не се придржуваат до овие сугестии. Децата и младите меѓу 12 и 19 години во најголем процент се физичките активни помалку од 60 минути дневно.

Би можело да ве интересира

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Тинејџери во Германија организирале проституција, подведувале пет 14-годишни девојчиња и едно момче

А1он

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шест тинејџери повредени во пукање во Милвоки

A1on

Кај тинејџерите со вишок килограми има поголем ризик од срцев удар

А1он

За што тинејџерите молчат или лажат?

Кристијан Ландов