„Ден на тишината” на островот Бали

Од:

Индонезискиот туристички остров Бали денеска е потполно тивок за годинашниот „Ден на тишината“. Запрени се сите летови, интернетот (освен за итните служби), а угостителските објекти се затворени, за луѓето да се посветат на медитација и самоанализа.

Поради празникот, хиндуистите на островот ќе останат дома следниве 24 часа. Жителите од други религии и туристите исто така се замолени да ја почитуваат традицијата, па и тие да не ги напуштаат домовите и хотелите.

Забрането е и движењето на автомобили и мотори, освен при итни случаи. Светлата во домовите и улиците ќе бидат изгасени, а туристичките објекти и трговските центри ќе останат затворени.

Вчера, ден преди традиционалниот празник, на островот беше спроведен и годишниот обред за протерување демони и зли духови, проследен со масовна и шарена парада.

Во Индонезија поголем дел од населението се муслимани, но повеќе од 80 отсто од жителите на Бали се хиндуисти и ја практикуваат тамошната деноминација на таа религија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жална слика на Бали: џиновски кит умре откако се насука на плажа

Само 45 странски туристи го посетиле Бали во 2021 година наспроти шест милиони пред пандемијата

Ана Ололовска

Силен земјотрес на Бали, најмалку тројца загинати

ВИДЕО: Туристи не носеле маски на Бали, по казна прават склекови

Жарко Настоски

ВИДЕО: Земјотрес во Индонезија, штети на островот Бали

Ана Ололовска

Бали: Нова ерупција на вулканот Агунг

Ана Ололовска