Декоративни солени топчиња

Од:

Интересни кремасти топчиња кои можете да ги декорирате по ваш избор …

Потребно е:
650 гр кисело млеко
1 лажиче сол
газа
цедалка

Подготовка:
– Во киселото млеко додадете едно лажиче сол и измешајте.

– Во еден сад ставете ја цедалката, а во цедалката ставете ја газата. Сега во газата ставете го киселото млеко и стиснете ја газата. Оставете два дена да се цеди киселото млеко во газата.

– По два дена отворете ја газата. Во неа од киселото млеко ќе се има формирано фино крем сирење, а пак во садот ќе добиете сурутка (исцедената течност). Сурутката не ја фрлајте, таа е многу здрава и може да ја испиете или може да ја измешате во некој овошен сок и да ја испиете.

– Од крем сирењето обликувајте мали топчиња. Топчињата може да ги валкате во различни зачини или сецкани зачински билки, како на пример едни може да ги извалкате во мешавина од сецкан свеш власец и сецкан свеж магдонос, други во мешавина од крупна сол и чили и слатка мелена црвена пиперка, едни може во мелени ореви, а исто така може да ги оставите и така оригинални.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска