Дејвид Бекам по цела ноќ е активен низ куќата, има одредено ментално растројство

Од:

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам е ѕвезда на новата документарна серија на Нетфликс во која откри дека со години се бори со опсесивно-компулсивно нарушување.

Ретко кој знаеше дека цел живот се бореше со опсесивно-компулсивно нарушување, но благодарение на новата документарна серија за Дејвид Бекам, беа откриени некои непознати детали од приватниот живот на славниот фудбалер и сето тоа за 16 милиони фунти.

Така открил дека поради ова нарушување, кое му го загорчува животот, тој поминува со часови и часови чистејќи го семејниот дом на Бекамови ноќе. Со него, сè во плакарите треба да се подреди по бои, линии и парови, тој останува буден неколку часа откако неговото семејство ќе заспие.

„Јас чистам толку добро, но не сум сигурен дека мојата сопруга го цени тоа толку многу“, признал Бекам пред камерите и продолжил: „Кога сите си легнуваат, јас шетам, чистам, ги прилагодувам светлата, внимавам се да е уредно. Мразам кога ќе слезам наутро, а има уште чаши, чинии.. Го тргам и растопениот восок на свеќите, го чистам и стаклото околу нив. Знам, звучи чудно“, вели Бекам.

Од друга страна, неговата сопруга Викторија Бекам е сосема спротивно. Сосема е неуредна.

“Тој е супер, супер уреден, додека јас сум гермафоб. Се мора да биде чисто. Дезинфицирам секаде, но малку сум неуредна, што да правам”, рече Викторија Бекам.

Инаку, опсесивно-компулсивно растројство (OCD) спаѓа во групата на анксиозни растројства, а се карактеризира со појава на опсесивни мисли и компулсивни дејства, т.е. дејствија кои се повторуваат ритуално. Луѓето кои страдаат од OCD се свесни дека нивните постапки се ирационални, поради што ги сметаат за непријатни, но не можат да ги спречат.

Би можело да ве интересира

Дејвид Бекам полугол го поправа телевизорот, жешката фотографија ја коментираше и Самсунг

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Љубовницата на Дејвид Бекам се појави на телевизија и призна..

Предраг Петровиќ

Викторија Бекам за прв пат проговори за аферата на Дејвид: „Тогаш бев најнесреќна“

Бекам тежи стотици милиони долари, а неговата сестра продавала плочи за да преживее

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Бекам чекаше повеќе од 12 часа за да и оддаде почит на кралицата Елизабета: Мислев ако дојдам во два часот наутро ќе има помалку гужва

А1он

Хрвати ги „нападнаа“ Бекамови затоа што им ги вадат животните од море: „Тоа би живеело 100 години да не дојдевте“

Ана Ололовска