Бекам тежи стотици милиони долари, а неговата сестра продавала плочи за да преживее

Од:

Иако богатството на Дејвид и Викторија Бекам се проценува на околу 450 милиони долари, а на нивните профили често може да се видат фотографии од гламурозни забави и луксузни патувања, потесното семејство на славниот фудбалер се наоѓало и во моменти ан работ на сиромаштијата.

Бидејќи со денови трае актуелната расправија помеѓу Викторија и сопругата на нејзиниот син Бруклин, поради што му свртеа грб, многумина се запрашаа дали ексклузивноста е нешто што е нормално за Бекамови и се потсетија на ситуацијата со Лин, сестрата на Дејвид, која последниве години како што наведуваат англиските медиуми „боса одеше низ трње“.

Имено, и покрај милионите што ги поседува, Дејвид ја оставил сопствената сестра да се бори со години, па дури и да живее од социјална помош.

Лин во еден момент морала да го продаде својот имот на интернет, каде што продавала ретки плочи, копачки, книги и слично, само за да врзе крај со крај и да не заврши на улица.

Веста за тешкиот живот на Лин последен пат се појави во 2019 година, набргу откако се дозна дека Бекам организирал забава од 30.000 фунти на која Лин не присуствувала. Секако, беше тоа тогаш скандал, а денес изгледа дека таа и Дејвид конечно се во подобри односи, иако не се знае дали сестрата на Бекам успеала конечно да се извлече од финансиските проблеми. Тој дури минатата година објави заедничка фотографија со мајка си и неговите сестри, а Лин конечно изгледаше малку подобро отколку во минатото. Но, што се случило така што Бекам и го свртел грбот на својата сестра и тоа во најранливиот момент?

Имено, врската меѓу Дејвид и Лин се влошила во 1998 година, кога фудбалерот го запознал нејзиниот иден сопруг. Поради ова, тој неволно се согласил да дојде на свадбата една година подоцна, додека Викторија Бекам одбила да го стори тоа.

Сепак, Лин на крајот се разведе во 2015 година, а потоа влезе во тешка битка за старателство за нивните три деца. Нејзиниот поранешен сопруг некогаш се занимавал со трговија со дрога, па нивниот дом често бил собиралиште на разни дилери. Инаку, Дејвид ја купил куќата на својата сестра за 250.000 фунти.

Додека еден дел од англиските медиуми тврдат дека проблематичниот поранешен сопруг е најверојатната причина поради која Дејвид Бекам се оградил од својата сестра, други нагласуваат дека никогаш не смеел да ја остави на цедило, а таа тогаш била целосно зависна од државата.

Кога било откриено дека Лин го продавала имотот за да се бори и да го победи својот поранешен сопруг на суд, Дејвид наводно бил шокиран и тврдел дека нема поим што се случува во животот на неговата сестра.

Инаку, пред неколку години, Бекам во едно големо интервју изјави дека неговиот татко во минатото му рекол дека неговата единствена одговорност во животот е да се грижи за неговите две сестри Џоан и Лин.

„Му ветив дека ќе го правам тоа додека сум жив“, изјави Дејвид. Со оглед на тоа што ветил, разочарувачки беше фактот што и го сврте грбот на својата сестра без да знае за ужасите низ кои таа поминува.

Сепак, иако јавноста му прости првиот пат, никој не разбра зошто во 2019 година не ѝ пришол на помош на својата сестра кога таа по вторпат минувала низ голгота, пишуваат англиските медиуми кои постојано се занимаваат со животот на Бекамови.

Би можело да ве интересира

Дејвид Бекам полугол го поправа телевизорот, жешката фотографија ја коментираше и Самсунг

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Љубовницата на Дејвид Бекам се појави на телевизија и призна..

Предраг Петровиќ

Викторија Бекам за прв пат проговори за аферата на Дејвид: „Тогаш бев најнесреќна“

Дејвид Бекам по цела ноќ е активен низ куќата, има одредено ментално растројство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Бекам чекаше повеќе од 12 часа за да и оддаде почит на кралицата Елизабета: Мислев ако дојдам во два часот наутро ќе има помалку гужва

А1он

Хрвати ги „нападнаа“ Бекамови затоа што им ги вадат животните од море: „Тоа би живеело 100 години да не дојдевте“

Ана Ололовска