Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Од:

Децата на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза, а парот првпат јавно ја искористи титулата на нивната ќерка кога објавија дека ја крстиле.

Според кралските правила, внуците на монарсите можат да носат титули на принцови или принцези, што значи дека децата на Хари, Арчи и Лилибет, имаат право да ги користат титулите откако неговиот татко стана крал минатиот септември, пишува Ројтерс.

До денес не беше познато дали принцот Хари и неговата сопруга Меган, која се повлече од кралските должности во март 2020 година, сакаат нивните деца да ги носат тие титули.

„Можам да потврдам дека принцезата Лилибет Дијана беше крстена во петокот на 3 март од надбискупот на Лос Анџелес, пречесниот Џон Тејлор“, изјави денеска портпаролот на парот.

Меган во интервју пред две години изјави дека британското кралско семејство одбило да го признае нејзиниот син Арчи за принц и дека членовите на кралското семејство ја прашале колку може да му биде темна кожата кога ќе се роди.

Крштевката се одржа неколку дена откако кралот Чарлс донесе одлука Хари и Меган да го напуштат својот дом во Британија, Фрогмор Котиџ, што, според Ројтерс, претставува знак за најновото заострување во односите, пренесува Танјуг.

Се уште не е познато дали принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко во мај.

Би можело да ве интересира

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата

Уште една пресуда во корист на Меган Маркл

Ана Ололовска

Принцот Хари и Меган Маркл вложија во инвестицискиот фонд „Етика“

Ана Ололовска