Данските научници се се поблиску до откривање на лек за ХИВ вирусот, кој ќе биде достапен насекаде и ќе може да се произведува во големи количини.
Истражувачите од универзитетската болница „Aarhus“ ја тестираат новата стратегија која ХИВ вирусот го отстранува од човековата ДНК.
Штом вирусот излезе на површина, човековиот имунитет го уништува вирусот со помош на вакцина. Истражувањето се покажа успешно во лабораториски услови, но како ќе функционира кога методот ќе се примени врз луѓето останува да се види, изјави за „Telegraph“ еден од истражувачите.
Во истражувањето поддржано од данскиот совет за истражување, учествуваат 15 лица.