Даниел Крег најплатен Џејмс Бонд

Од:

Актерот Даниел Крег стана најплатениот Џејмс Бонд во 50. годишната историја на филмскиот серија за славниот таен агент 007, откако со приходите од последниот хит „Скајфол“ тој вкупно досега има инкасирано преку 30 милиони долари.

Новото издание на агентот за само 12 дена заработи околу 60 милиони долари. Неговиот хонорар е покачен на скоро 11 милиони долари, а се очекува Крег да се појави и во следното продолжение, кое треба да се појави во 2014 година.

За улогата во „Казино Ројал” во 2006 година Крег заработи 1,9 милиони долари, а во 2008 година тој доби хонорар од 4,4 милиони долари за „Трошка утеха”. Неговиот хонорар за “Скајфол” се зголеми на 10,7 милиони долари, околу 3 милиони долари повеќе од хонорарот кој неговиот претходник Пирс Броснан го доби за „Светот не е доволен” во 1999 година.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата