Дали сте за една прошетка по облаците?

Од:

Посетителите на националниот парк Џаспер во Канада од овој месец имаат можност да „одат по облаците“, бидејќи е отворена новата набљудувачка платформа, која го одзема здивот и им овозможува на посетителите да чекорат стотина метри над земјата.

Најголемиот национален парк во канадскиот дел на Стентоновите планини доби нова атракција, која сигурно ќе ги воодушеви посетителите, носејќи им доза на возбудување во волшебното природно опкружување.

Станува збор за набљудувачката платформа, симболично наречена „The Glacier Skywalk“, која е изработена од челик и стакло и чија изградба чини нешто повеќе од 19 милиони американски долари.

Неверојатната платформа, која во форма на лак се простира на работ на стрмна карпа, поставена е на височина од 274 метри над долината Санвапта, низ која тече истоимената река.

Посетителите, кои ќе се осудат да проштетаат по оваа платформа ќе мора да чекорат по стаклен под, под кој се наоѓа долината, додека од сите срани наоколу се пружа поглед на еден од најубавите предели на Канада.

Оние, кои сакаат да се впуштат во оваа авантура, би требало прво да резервират билет за еден од автобусите, кои се движат кон туристичкиот центар „Columbia Icefield“, а организираниот превоз ќе ги води се до стрмните патеки „Discovery Trail“.

За оваа авантура е потребно да се издвојат 24,95 долари, колку што чини билетот за возрасни. Цената на влезницата за деца од 6 до 16 години изнесува 12,50 долари, а за помлади од шест години е бесплатно.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска