Дали почнувањето со работа значи крај на доењето?

Од:

Некои мајки идејата дека ќе бидат одвоени од детето девет до десет часа дневно ја сметаат за сигнал дека доењето повеќе нема да биде возможно.

Освен ова широко распространето е и тврдењето дека млекото по 12 месеци само по себе е „вода“ и нема никаква вредност, така што време е да се прекине.

Но најновите истражувања ги негираат овие два мита.

Прво враќањето на работа не е само по себе причина за прекинување на доењето. Градите до 12-от месец веќе се во согласност со побарувачката на детето. Не се преполнуваат и телото воглавно може комотно да издржи девет до десет часа без стимулација и празнење. Долгото време на разделеност доведува до тоа детето да го компензира внесувањето млеко додека е со мајката и тоа најчесто се случува во текот на ноќта.

Исто така млекото иако повеќе не е најпримарен извор на нутритивни состојки (иако и понатаму обезбедува 94 отсто од витаминот Б12, 75 отсто од витаминот А, 60 отсто од витаминот Ц, итн.) не губи од вредноста. Имуноглобулините во млекото се зголемуваат по 12-от месец, бидејќи тоа е период кога детето проодува и најчесто доаѓа во контакт со други деца. Значи мајчиното тело знае дека е време да го „преобрази“ млекото во согласност со растот на детето.

Сите предности на доењето (потенцијалната заштита од рак на дојките и репродуктивните органи, остеопорозата, итн.) за мајката и понатаму остануваат.

Доколку детето оди во градинка, по враќањето на мајката од работа, од големо значење за него е да се продолжи со доењето токму поради горенаведените причини.

Враќањето на работа само по себе не е причина за прекинување на доењето, но доколку сепак одлучите тоа да го сторите консултирајте се со педијатарот, со цел тоа да го направите постепено и на вистински начин.

Би можело да ве интересира

Газдите во Македонија не треба да ги отпуштаат мајките кои дојат, млекото е храна за децата, велат од Комитетот за безбедно мајчинство

Орце Костов

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска