Газдите во Македонија не треба да ги отпуштаат мајките кои дојат, млекото е храна за децата, велат од Комитетот за безбедно мајчинство

Од:

Доењето на работно место е глобален проблем кој треба да се реши што поскоро, бидејќи мајчиното млеко е храна и таа треба да биде достапна во секое време и во секоја институција.

Ова го истакнаа претставниците на комитетот за доење на денешната конференција по повод одбележување на Светската недела на доењето.

Д-р Мими Кимовска-Христова, специјалиср педијатар и претседателка на подкомитетот за доење при Комитетот за безбедно мајчинство рече дека мајките сѐ почесто ги губат работните места поради бременост и доењето.

– Доење на работа, тоа е ова мото кое можеби е иницирано во светот во глобални рамки од проблемите со кои се соочуваат одредени држави заради постоењето на недоволни законски регулативи. Постои пад на доењето токму поради овие причини, на пример во Америка само во девет држави е имплементирано доењето да мора да биде платено кога мајката ќе излезе од работното место или кога ќе се донесе бебето на работно место да може да биде доено, бидејќи тоа е лек, тоа е храна неспоредлива со ниедна друга адаптирана формула, порача д-р Мими Кимовска-Христова.

Кимовска-Христова посочи дека подигањето на свеста кај сите работодавачи е од клучно значење и апелира доењето да биде овозможено и на сите други јавни места без присуство на предрасуди од околината.

,,Работничката која го дои детето и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, ќе започне да работи со полно работно време, има право на платена пауза во текот на работното време, во траење на еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има работничката до наполнета една година возраст на детето. Треба да заземеме еднаков став, сите лекари, сите институции и нормално, законот над сѐ мора го почитуваме. Ќе видиме дали во иднина треба со министерот за здравство и нормално, со претставници на Владата, да имаме средби со работодавците. Тој проблем треба сеопфатно да биде решен. Мора и да им се даде поддршка на мајките кои се во расчекор што треба да се направи. Освен во тие малку случаи кога има здравствени контраиндикации за мајката да не дои, ние сме против адаптирани млечни формули. Мајчиното млеко е храна, лек и детето мора да го прима“, потенцираше д-р Кимовска-Христова.
Кимовска-Христова воедно информира дека во последниот период е забележан пораст на бројот на предвремено родени деца, а на нив, како што рече таа доењето им е и повеќе од потребно.

Би можело да ве интересира

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Ваучери за брак, слободен ден за роденден: Дефицитот од работници ги принуди фирмите да ги зголемат бонусите

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ