Дали НАСА открила живот на Марс?

Од:

И покрај тоа што НАСА сеуште ги крие точните податоците за тоа што Кјуриозити откри на Марс, вистина е дека таму се најдени вонземски работи, доколку доследно ги толкуваме насловите на вестите кои ни доаѓаат од НАСА.

Оставаме ли простор за игра на зборови? Примероците од површината за почвата на Марс прегледани во лабораторијата на Кјуриозити, SAM (Sample Analysis at Mars), велат дека таму има нештo, нешто многу значајно и интересно, пренесува сајтот „Астрономија“.

Џон Гроцингер, научник од JPL тимот кој ги анализира податоците кои пристигаат од Марс вели дека засега мораат да извршат дополнителни истражувања затоа што сакаат да бидат сигурни што точно роверот открил. Доколку дополнителните обработки и дополнителните мерења покажат исто, тоа ќе биде „ ретко есклузивна вест за човештвото која сигурно ќе влезе во учебниците“.

Неофицијално се открива дека Кјуриозити открил многу едноставни  облици на живот на Црвената планета.

НАСА вети дека ќе излезе со податоците веднаш штом се сигурни што откриле.

Првобитните анализи за присуство на метан на Марс покажаа дека тој гас го има во атмосферата (тој посредно покажува на постоење на биолошки, животни процеси), но подоцнежните истражувања го негираа истото.

Можно е уредите и инструментите „да фатиле примероци“ од лабораторијата, односно од опкружувањето на кои бил изложен роверот додека бил уште на Земјата, па сега треба да поминат неколку циклуси на употреба за да нема сомнеж и податоците да станат веродостојни.

За можноста за постоење на живот на тлото на Марс, дополнителен плус е информацијата за атмосферата на Марс, иако е разредена, сепак успева да блокира поголема количина на штетни зрачења од Сонцето и од вселената, па затоа животот како на земјата (вклучувајќи го и човекот, гледано од нивото на радијацијата) можно е да опстои.

Во научните кругови засега скептично се гледа на откритието на живот.

Според нив поголеми се шансите за потврда дека таму постои органска материја која може да ги поддржи животните структури, но тоа не значи автоматски и дека има живот.

Сепак ако некогаш се докаже дека има живот на Марс, или некаде на друго место вон Земјата, тие информации ќе влијаат директно на општеството, од релгијата па понатаму.

Затоа е и веќе утврден протоколот со кого тие информации најпрво би се споделиле, односно кога би се излегло во јавност.

Така што на пример христијанските цркви во случај на несоборлив доказ за живот надвор од Земјата, мора да ги промени своите „тврдења како Бог создал единствено живот на Земјата, во тоа дека Бог создал живот и на други планети во вселената“.

Во секој случај се наоѓаме во ситуација кога Кјуриозити навистина нешто нашол на Марс, а тоа да не е важно само за научниците.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата