Дали Љубљана станува новата европска туристичка мека?

Од:

Словенија дефинитивно е новата европска туристичка „хит” дестинација. Ако до пред неколку години за најголем дел од европските туристи, таа беше само пропратна земја за да стигнат до хрватското крајбрежје, работите дефинивитно се променија. Љубљана во 2019 година е полна со туристи, не само за време на летото, туку и во зима, а градските власти дефинитивно знаат како да ги задржат.

Љубљана ден пред Нова Година. Полни улици, насмеани лица, музика, греано вино и прекрасната Љубљаница. Вака накратко може да се опише атмосферата во главниот град на Словенија. И покрај тоа што тука традиционално фокусот секогаш бил на Божик, градот оваа година посебно се подготви за новогодишната ноќ или како што велат Словенците „Силвестрово”.

Тоа што е вистинска промена од минатите години е дека бројот на странски туристи значително се зголемува. Европските добронамерници буквално ја „открија” Словенија како држава каде што за многу помалку пари ќе можат да добијат услуги со квалитет еднаков на тој во Западна Европа. А и Љубљана има што многу да понуди. Историја, уметност, вкусна храна и прекрасно старо гратско јадро. Љубљанчани низ шега раскажуваат дека последните години туристичката сезона им трае 365 дена.

Градот, последните година позната како „Европска Зелена Претстолнина” за 2016 година, овие денови блеска во целиот свој сјај. На улиците начесто, покрај словенечки јазик може да се слушне италијански, германски, руски и англиски јазик. Секој плоштад кој се наоѓа во центарот на градот има и сопствена елка. Природна, едноставно украсена, совршено се вклопува во одмерениот амбиент. На повеќе локации во градот, на Прешерниот, Конгресниот, Гратскиот плоштад поставени се бини, на кои веќе две недели се одвива музичка програма.

Има уште еден интересен куриозитет во однос на овогодишното украсување на градот. Имено, во август оваа година почина словенечкиот уметник и сликар Жмаго Модиц, па градот одлучи сите светлечки украси кој ја красат Љубљана оваа зима да бидат всушност обработени теми од неговите дела. Украсите практично ги направи неговиот син и тие претставуаат ретроспектива на неговата работа, а на тој начин градските власти кои го финансиираа проектот сакаа да се одолжат за неговата долгогодишна работа.

Централното прославување ќе биде на Конгресниот плоштад, каде што веќе е монтирана огромна бина на која локалните музичари ќе ги забавуаат граѓаните. Традиционално, точно на полноќ, доаѓањето на новата 2020 година ќе биде означено со огномет, кој според најавите ќе трае пет минути, а ракетите ќе бидат успукани од градската тврдина. Предвидено е бините и другите содржини да останат да функционираат и по Нова година, па така забавата ќе потрае уште неколку денови. Локалните власти за украсувањето на градот оваа година од буџетот одвоија 220.000 евра.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска