Дали Елизабета Прва била маж

Од:

Американскиот писател Стив Бети во својата нова книга пласира интересна теорија која можеби нема врска со реалноста, но може да му донесе светска слава.

Имено, Бери „оживува“ една стара теорија на заговор, што мусе припишува на авторот на „Дракула“, Брам Стокер, кој бил уверен дека англиската кралица Елизабета Прва (1533-1603) била преправен маж. Со оваа претпоставка Стокер се занимавал во својата книга „Познатите измамници“ од 1910 година.

Иако теоријата наликува на заплет на лоша комедија, Бери од неа успеал да направи книга која може да стане бестселер.

Бери тврди дека принцезата Елизабета кога била се уште дете, била испратена надвор од Лондон за да се спаси од чумата која беснела низ градот. Но, тоа, според Бери, се покажало како лоша идеја, бидејќи Елизабета се разболела и починала, а нејзините тутори Кејт Ешли и Томас Пери, плашејќи се од кралска одмазда режиле да го излажат кралот за да имаат време да избегаат од земјата.

Тие решиле да најдат девојче на возраст на принцезата и да ја облечат во нејзината облека, но бидејќи во селото Бисли каде што престојувале, немало ниту едно такво девојче, улогата на Елизабета морал да ја преземе локалното момче Невил.

Планот на Ешли и Бери успеал, бидејќи кралот минал многумалку време со неговата ќерка и не препознал дека се работи за некој друг.

Брам Стокер бил уверен дека оваа приказна е вистинита, а како доказ го посчува случајот од 1800 година кога во Бисли е откриен скелет на девојче во остатоци од фустан на династијата Тјудор со скапоцени камења.

Тоа што Елизабета Прва се заколнала дека никогаш нема да се омажи, иако била последна во лозата Тјудор и единствена која може да донесе наследници на престолот, за поддржувачите на оваа теорија е дополнителен доказ дека „таа“ била маж.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска