Црногорска свадба: Бракот траел три часа, семејствата се степале поради српска песна

Од:

Свадба во Никшиќ, поради една песна се претворила во вистинска драма.

Пред свадбата било договорено на свадбата да нема патриотски песни. Две семејства, невестата и младоженецот се степале за нарачана песна „Ме роди мајка Србинка“! Свадбената веселба се одржала во парохискиот дом на Свети Василије Острошки, каде, како што пишува Новости, свадбената торта останала недопрена.

Според информациите, договорот бил прославата да биде без „националистички“ песни, но домаќинот на венчавката, таткото на младоженецот, се вознемирил кога мајката на невестата два-три пати нарачала иста песна. Наводно ги предупредил присутните дека „доста е со тие песни, оти ова е Црна Гора“! После тоа настанал метеж меѓу роднините и пријателите, а револтот кулминирал кога братот на невестата станал, ја фатил сестра си за рака и ја извел од свадбата со порака – „благодарам пријатели“. Некое време подоцна, несудениот свекор ги извлекол каблите на музичарите од приклучоците, велејќи: „За се сте вие криви!“

-Јас го пеам тоа што ми е нарачано – кратко одговорила пејачката.

Меѓутоа, на социјалните мрежи кружи друга верзија за свадбеното фијаско, според која младоженецот бил тој кој прв ја напуштил свадбата бидејќи после мајката на невестата, друг гостин ја нарачал истата песна, а тој не се вратил ниту по еден час па невестата решила да ја откаже венчавката.

„Блиц“ пренесе дека неименуван извор им потврдил дека спорниот инцидент се случил, но дека од почит кон семејствата на младенците не сакаат да обезбедат поопширни информации и детали за конфликтот.

Како што пренесува „Новости“, невестата наводно истрчала до блиската црква Свети Василиј Острошки, каде седела на скалите и долго тагувала за неуспешната венчавка која со нетрпение ја очекувала само неколку часа претходно.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски