Црногорците на Кинезите како туристичка атракција можат да им го понудат синото небо над Црна Гора, смета црногорскиот амбасадор во Пекинг Бранко Перовиќ.
– Поради големиот смог кој е присутен во текот на целата година, посебно во Пекинг, не знаат како изгледа небото. Затоа во туристичката понуда на Кинезите можеме да го вклучиме синото небо, исто како во песната „никаде небото не е сино како над Црна Гора“, вели Перовиќ.
Зборувајќи за привлекување на кинески туристи, Перовиќ рече дека нив можеме да ги добиеме само како регион.