Црна Гора меѓу 10-те најдобри дестинации

Од:

Светскиот печатен водич Lonely Planet во своенто специјално издание „Best Travel 2013“ ја препорачува Црна Гора како една од десетте најдобри светски дестинации за патување.

Регионите и градовите се одбрани по растот на популарноста, значајниот прогрес во текот на 2012-та година или по атракциите кои предизвикуваат особено внимание кај јавноста, а Црна Гора е на второто место.

На листата на најдобри дестинации се најдоа и Шри Ланка, Соломсонските острови, Јужна Кореја, Еквадор, Словачка, Исланд, Турција, Доминиканска Република и Мадагаскар.

„Кога станува збор за туризамот, Црна Гора е на одличен пат да стане светска хит дестинација“, се наведува во текстот на авторот Andrea Schulte-Peevers.

Покрај главните информации во текстот има препораки да се прошетаат плажите, националните паркови, да се посетат настаните како Которскиот карневал како и останатите занимливости што ги нуди земјата.

Исто така спомнати се и проектите како Порто Монтенегро и Аман Свети Стефан, кој според зборовите на авторот се резултат на отвореноста на Владата на таа земја кон странските инвестиции.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска