Цимет алва

Од:

Едноставно се топи во уста …

Потребно е:
1,5 чаша (од 200 мл) брашно
2 чаши вода
1 чаша шеќер
1 лажица путер
3/4 чаша масло
1 ванилин шеќер
1 лажиче цимет

Подготовка:
– Во сад на рингла ставете ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер и варете ги додека малку да се згуснат.

– Во друг сад на рингла растопете го путерот и додадете го маслото.

– На загреаното масло сипете го брашното и пропржете го околу 10 минути додека да потемни, со постојано мешање.

– Полека внимателно сипете го сирупот со шеќер и вода со постојано мешање. Додадете го циметот и повторно убаво измешајте.

– Смесата сипете ја во силиконски модли и оставете да се излади.

– Изладената алва извадете ја од модлите, украсете ја со ореви и посипете со малку цимет во прав.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска