Чудните музеи на Амстердам

Од:

За каналите, лалињата и ветерниците во Амстердам, знае цел свет, но холандската престолнина е прочуена и по многубројните музеи, галерии и други културни знаменитости.

Од музеите во Амстердам, можеме да ги издвоиме Ријкс, Ван Гог, Стеделијк, Ван Лон, Тропен, Кромхутиус… Доколку пак, сте за нешто поекстремно, посетете го Музејот на тортурата. Во него се изложени уникатни справи за измачување кои до пред некој век биле во употреба низ Европа. Над 40 експонати, од времето на шпанската Инквизиција до француската Револуција, ќе ги шокираат посетителите.

Музејот Рејпенаер, односно музејот на сирењето, го претставува процесот на производство на сирење, а нуди и едночасовно дегустирање на разни сирења и соодветни вина. Музејот Микропија, пак, е посветен на невидливите микроорганизмни кои живеат на човечкото тело.

Кога и да го посетите, во Амстердам никогаш нема да Ви биде здодевно, без обѕир дали сте „традиционален човек“, или пак, сакате да искусите по некоја авантура и нови доживувања.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи