Чорба со компири и мелено месо

Од:

Вкусна ароматична чорба …

Потребно е:
3 лажици путер
350 гр мелено месо
1 главица кромид
3 чешниња лук
7 поголеми компири
1,5 л говетска супа
2 лажици сув зеленчук за супа
1 чаша грашок
250 мл пасирани домати
50 гр сушени домати
2 лажичиња мелена црвена пиперка
оригано, босилек
бибер
мелен сув зачин
луто пиперче, по желба

Подготовка:
– Сушените домати потопете ги во вода и оставете ги 30-тина минути. Исцедете ги и ситно исецкајте ги.

– На загреан путер пропржете го ситно сецканиот кромид и потоа додадете го и исецканото лукче и пржете 10-тина минути.

– Сега додадете ги и компирите исецкани на коцки и динстајте 10-тина минути со постојано мешање.

– Сипете ја говетската супа и оставете да почене да врие. Кога ќе почне да врие додадете ги пасираните и исушените домати, сувиот зеленчук, грашокот, мелената црвена пиперка, биберот, ориганото и босилекот. Варете ја чорбата на тивко 40-50 минути. По потреба додавајте вода. Додадете и мелен сув зачин по вкус.

– Оваа вкусна чорба послужете ја посипана со ситно сецкано луто пиперче.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска