Вкусна и здрава …
Потребно е:
1 главица кромид
150 гр моров
300 гр тиквички
200 гр брокула
1 коцка за супа
сол
бибер во зрно
1/4 лажиче ѓумбир во прав
1 л вода
маслиново масло
свеж копар
Подготовка:
– Кромидот, морковите и тиквичките исецкајте ги на мали коцки. Брокулата раздвоите ја на мали цветчиња и убаво измијте ја.
– На малку масло испржете го кромидот, а потоа додадете ги и морковите и динстајте додека малку да омекнат.
– Сега додадете ги тиквичките и брокулата, измешајте и сипете 1 л вода. По желба ставете коцка за супа. Додадете неколку зрна бибер, по вкус. Варете 20-30 мин додека да омекне зеленчукот.
– Ставете го зеленчукот во блендер и ситно измелете го. Истата постапка може да ја направите и со рачен миксер. Ако мислите дека чорбата е многу густа досипете уште малку вода. Додадете 1/4 лажиче ѓумбир во прав и сол по вкус. Варете додека да почне да врие.
– Пред да ја послужите посипете со сецкан свеж копар. Со неа сервирајте и препечен леб.