Највкусни ситни колачи …
Потребно е:
300 гр мелени лешници
250 гр шеќер
100 мл вода што врие
120 гр сецкано суво грозје
околу 100 мл рум
75 гр црно чоколадо (со 70% какао)
150 гр путер
1 лажиче арома од рум
за преливот:
100 гр црно чоколадо
2 лажици масло
Подготовка:
– Исецкајте го сувото грозје и потопете го во рум. Додадете ја и аромата од рум. По 30-тина минути убаво исцедете го.
– Во еден сад на рингла растопете го шеќерот со повремено мешање да се направи карамел. Во карамелот сипете ја врелата вода што врие. Мешајте додека сосема не се растопи карамелот. Тргнете го садот од рингла.
– Искршете го чоколадото и додадете го во карамелот. Мешајте додека да се растопи чоколадото. Потоа додадете ја оваа смеса во мелените ореви. Измешајте убаво за да добиете хомогена смеса. Додадете го сувото грозје.
– Кога малку ќе се излади смесата, додадете го путерот исечен на коцки и уште еднаш измешајте.
– Целата смеса сипете ја на даска и формирајте ја во облик на правоаголник со дебелина околу 15 мм. Кога малку ќе се излади повторно уште малку обликувајте ја за да биде што порамно. Ставете ја во фрижидер на неколку саати да се стегне.
– Истопете го чоколадото во сад на рингла или во микробранова рерна. Додадете 2 лажици масло и измешајте убаво. Оставете малку да се излади и прелијте го колачот.
– Кога ќе се стегне преливот исечете го колачот на коцки и декорирајте ги по желба.